|
ПоимиПод одржување спаѓа редовен бекап на сајтот, редовно ажурирање на кодот, додавање на нови функционалности, измена на стари. Првите 3 месеци добивате гратис одржување, а по истекувањето на 3 месеци се доплаќа по 1000 денари месечно. Кај CMS системите се доплаќа 3000 денари месечно поради комплексноста во одржувањето Со секоја нарачка на веб дизајн вклучена е оптимизација на сајтот за повеќе интернет прелистувачи, како на пример Google Chrome, Mozilla Firefox, Opera, Internet Explorer... HTML е кратенка од Hypertext Markup Language и е јазик за создавање на веб страници. Овозможува средства за опис на структурата на текстуално-базирани информации во документ, преку обележување на делови од текстот како заглавја, параграфи, листи итн. како и дополнување на текстот со интерактивни форми, вградени слики и други објекти. HTML е напишан во форма на ознаки (наречени тагови), опкружени со знакот "<" и ">". HTML може да служи за опис, до некој степен, на изгледот и семантиката на документи, и може да вклучува вграден јазик за скриптирање кој ќе повлијае врз однесувањето на прелистувачите и други HTML обработувачи. HTML исто така често се поврзува со содржината на MIME типот text/html, па дури и пошироко, како генерички поим за HTML, без разлика дали се работи за XML проширувањето на HTML (како XHTML 1.0 и сл.) или како наследник на SGML.
AJAX, кратенка за Асинхрон ЈаваСкрипт и XML (Asynchronous JavaScript and XML). AJAX е развојна техника за создавање на интерактивни мрежни апликации. Намерата е да се дизајнираат веб страници кои се кориснички ориентирани, посебно при размена на помала количина на податоци од и кон серверот. На тој начин веб страницата нема да се вчитува секој пат кога корисникот ќе внесе податок или ќе побара да прочита некој податок од серверот. Тоа значи зголемување на степенот на интерактивност, брзина и полезност.
jQuery е cross-browser JavaScript библиотека со цел да се поедностави на client-side скриптирањето на HTML-от. Објавен е во јануари 2006 година во Њујорк од страна на Џон Ресиг. Употребуван од повеќе од 43% од 10.000 најпосетени веб-сајтови, jQuery е најпопуларната JavaScript библиотека која се употребува денес. jQuery е бесплатен, софтвер со отворен код, двојно лиценциран под МИТ Лиценца и GNU Главната јавна лиценца, верзија 2. jQuery синтаксата е дизајнирана за да може полесно да се движите низ документи, изберете DOM елементи, создавате анимации, се справувате со настани, и развој на AJAX апликации.
PHP доаѓа од PHP HyperText Pre-processor и е програмски јазик за на серверска страна. Ова значи дека посетителот отвара страница, серверот ги процесира/обработува РНР командите и го праќа резултатот до прелистувачот на клиентот. РНР е слободен програмски јазик, неговиот код е отворен и е мулти-платформски. РНР може да работи на Unix, GNU/Linux, Windows итн. Може да биде компајлиран со модул за Apache сервер и како бинарен за CGI.
Joomla! е open source ситем за управување со содржини за објавување на Интернет. Напишана е во PHP, запишува податоци во MySQL бази и вклучува функции како кеширање на страница, RSS feeds, печатење верзии на страници, вести, блогови, анкети, пребарување, и поддршка за мулти-јазичност.
WordPress е open source апликација за блогирање покрената од PHP и MySQL, која исто така може да се користи за управување со содржини. Има многу опции, вклучувајќи архитектура за додатоци и систем за шаблони. Користен од над 2% од 10.000 најголеми веб-сајтови, WordPress е најпопуларниот блог софтвер кој се употребува денес. ОпцијаСо Silver и Gold пакетите имате опција да одберете дали сакате CMS систем, Joomla или Wordpress, кои ќе ги инсталираме, уредиме и оптимизираме за вашите потреби.
|
ДомениЗа Вас исто така можеме да закупиме .com .net .org .com.mk и .mk домени. Цената за .com домен е 600 денари/годишно, .net и .org домените се 700 денари/годишно. Домен со наставка .com.mk и .mk изнесува 800 денари/годишно. Нарачка само на домен може да извршите овде.
|
Хостингот опфаќа
СигурностСо секој web hosting пакет Ви е обезбедена и Анти-вирусна заштита.
Екстерните firewall системи истотака ги штитат нашите сервери, базирани на CISCO и Juniper врвните технологии овозможувајќи Вам беспрекорна заштита за Вашите веб страници! Cpanel |
![]() |
За нас
Klik Web Studio е тим на Веб дизајнери и Веб програмери кои сакаат да ви помогнат во изградбата на совршено Веб решение за Вас. |
Klik Web Studio е тим на Веб дизајнери и Веб програмери кои сакаат да ви помогнат во изградбата на совршено Веб решение за Вас.
Вие со Вашето афирмирање на интернет просторот станувате достапни за целиот свет, со само неколку клика луѓето ќе можат да ја запознаат Вашата компанија, Вас, како и Вашиот бизнис. Во ерата на информатичката технологија, голема загуба е истата да не се искористи за зголемување на продуктивноста и растот на Вашата компанија.
Нашиот тим со постојаното унапредување и следење на новите технологии во развојот на Web-от Ви нуди најдобар квалитет на услуги во полето на Веб дизајнот и Веб програмирањето по многу поволни цени. Исто така Ви нуди можност за развој на интернет апликации со бази на податоци по желба на клиентот. Почнувајќи со системи за онлајн продажба, па се до интернет форуми, портали, email системи и сл.
Доколку ви е потребно рекламирање на Вашата веб страница за зголемување на посетеноста на истата Ви нудиме маркетинг решенија на нашите портали Korzo.mk и Gevgelija.biz. |
![]() |
Услуги кои ги нудимеКреираме современи и модерни веб страници по светски стандарди. Ви нудиме изработка на Веб од обичен HTML до испрограмирани страници со бази на податоци. Доколку немате хостинг, ние Ви нудиме хостирање на вашата веб страница на наши сервери, а пакетите може да ги разгледате во делот Хостинг. Исто така за Вас можеме да закупиме .com .net .org .com.mk .mk домени. |
![]() |
Портфолио
Кликнувајќи на стрелката десно ќе може да ги прегледате сите наши изработени проекти. Истотака и ќе се запознаете со поголемиот дел од нашите клиенти со кој сме соработувале. |
![]() |
Контакт |
Кој сме ние?
Klik Web Studio е тим на веб дизајнери кои сакаат да ви помогнат во изградбата на совршено веб решение за Вас.
|
![]() |
Кои услуги ги нудиме?
|
![]() |
Зошто ние?
Со тимот од професионалци кои работат на проектите и најефтините цени нудиме комплетно решение кое гарантирано ќе го подобри вашиот бизнис.
со почит,
Klik Web Studio
|
Следете не на Facebook Следете не на Twitter |
© 2012. Сите права се задржани. |